
Во 1945 година, кога сфатил дека Германија ја губи Втората светска војна, Адолф Хитлер се убил во својот бункер, Така барем се мислеше досега. Но новата книга „Хитлер во Бразил – неговиот живот и неговата смрт“ открива други сознанија. Водичот на нацистите побегнал од своето скривалиште и умрел како Адолф Лајпциг дури во 1984 година, а живеел во мало градче во Мато Гросо близина на границата помеѓу Бразил и Боливија.
Својата теорија во книгата ја пренела студентката Симони Рене Гуериро Диаз е, тој умрел на 95 годишна возраст, а сето тоа можело да се поткрепи со фотографии. Верува дека диктаторот бил погребен во 1984 година во местото Носа Сењора до Ливраменто под името Адолф Лајпциг. Смета дека Хитлер прво отпатувал во Аргентина, па во Парагвај, а дури потоа се сместил во Бразил со цел да го пронајде закопаното богатство со помош на мапата која му ја отстапиле ватиканските сојузници.
За да не биде откриен, започнал врска со една црнка по име Кутинга, сметајќи дека така никој што би се посомневал дека тоа е диктаторот, односно со тоа би ја сокрил својата нацистичка заднина. Бразилката Симони вели дека во местото каде што живеел Хитлер бил познат како „стариот Германец“.
Авторката има во план да направи ДНК анализа, да ја спореди ДНК на роднините на Хитлер од Израел и остатоците од Адолф Лајпциг, а за ексхумација веќе има дозвола.
Професор по историја од универзитетот во државата Мато Гросо ги отфрла тврдењата на младата новинарка.
„Нема ништо ново во тврдењата дека Хитлер живеел во Јужна Америка, а кои редовно се пласираат од луѓе кои тврдат дека се историчари“, изјавил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


