| четврток, 6 декември 2018 |

Куќен притвор за две лица од Сингелиќ кои нападнале две момчиња

tepacka-8e53dede

Две 21-годишни момчиња од скопското село Сингелиќ се предадени на Основното јавно обвинителство Скопје поради напад, без никакво повод и причина, врз двајца свои врсници. Според обвинението тие на почетокот од март 2013 година, во Сингелиќ , заедно со уште засега непознати лица, без ништо да им кажат, нападнале две момчиња, удирајќи ги со дрвени и метални палки по главата и телото.

Едно од момчињата успеало да побегне, додека другото и откако паднало на земја, продолжиле да го тепаат, по што насилниците избегале. На оштетените укажана им е лекарска помош во Ургентен центар, каде на едното момче му биел констатирани тешки телесни повреди фрактура на левата рака, расекотина на главата како и контузии по телото и главата, а на другото момче му е констатирана телесна повреда, контузија на главата.

По преземени мерки и активности лицата се пронајдени и приведени, се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и на другите учесници во кривично правниот настан, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. На пријавените им е одредена мерка куќен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top