| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците ги асимилираат Србите , тврди висок српски функционер

Директорката на српската Канцеларија за соработка со дијаспората во регионот Славка Драшковиќ во Тетово предупредила на тивката асимилација која што според неа е еден од најголемите проблеми на Србите во Македонија. 

Според изјавата која доaѓа воистиот ден кога во посета на Скопје е премиерот на Србија Дачиќ најголемите предизвици за Србите во земјава се тивката асимилација, слабиот наталитети заштитата на духовното и културното наследство.

Драшковиќ на Светосавската академија изјавила дека Србите во земјава се соочени и со неможност да ја практикуваат вероисповеста , проблем за кој двете земји треба да работат повеќе. Таа бара Србија и Македонија да го спроведат целосно Договорот за заштита на националните заедници на Србите во Македонија и на Македонците во Србија.

„Србите во Македонија се автохтон народ кој овде живее со векови“ вели Драшковиќ која најави дека нејзината канцеларија финансиски ќе ги помага проектите на Србите во Македонија.

За време на средбите со српското малцинство во земјава во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Кучевиште, Валандово, Пробиштип таа побарала тие да бидат единствени.

Според последниот попис од 2002 во Македонија живеат 36 илјади Срби главно во Скопје и Куманово што е пад од 8,000 луѓе во однос на пописот од 1994 година.

Во соопштението на канцеларијта на Дражковиќ се наведува дека од 1994 до 2002 година македонското МВР доделило 17,000 државјанства на Срби а во Македонија има повеќе од 61,000 Срби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top