
Кабинетот на чешкиот претседател Милош Земан го обвини интернет порталот на дневниот весник „Млада Фронта Днес“ дека го загрозил животот на првиот човек на државата со објавување на информацијата за неговата актуелна посета на чешките војници во Авганистан.
-Објавувањето на информацијата ја сметаме за директно загрозување на безбедноста на претседателот, за непрофесионален пристап на сите постоечки правила кои сите медиуми ги почитуваат – изјави портпаролот Јиржи Овчачек.
Вработените во интернет медиумот се оградија од обвинувањата.
Јан Ваца, уредник на редакцијата „Днес“, реакцијата на Овчачек ја смета за претерана и тврди дека биле објавени само основни информации и тоа не би можело да ја загрози безбедноста на претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


