Сојузната комисија за конкуренција на Мексико му изрече парична казна од над 50 милијарди долари на најбогатиот човек на светот, Карлос Слим. Казнета њ неговата телефонска компанија Телмекс заради монополско однесување. Според регулаторот во претходните две години Телмекс одбивал на конкурентската компанија Акстел да и даде под наем канали за обезбедување телефонски врски во земјата и во странство. Според Федералната комисија за конкуренција тоа е неприфатливо и спротивно на законот.
Претставникот на Телмекс соопшти дека компанијата планира да поднесе жалба на оваа одлука.
Телмекс е филијала на најголемиот комуникациски оператор во Латинска Америка (America Movil). Компанијата на Слим постојано е казнувана за нарушување на антимонополното законодавство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.