
Во рамките на грчкото претседателство со Европската унија, претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Хајрула Мисини ќе учествува на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ-КОСАК. Конференцијата ќе се одржува денеска и утре во Атина.
Според информациите од македонското Собрание, министерот за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос на конференцијата ќе ги презентира Програмата и приоритетите на грчкото претседателство со Унијата во следните шест месеци, по што ќе следи дускусија.
На овој состанок во Атина, ќе се расправа и за улогата на европските институции во зајакнување на контактите со европските граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


