Премиерот Никола Груевски денес присуствуваше на дел од градежните работи на делницата од автопатот од Демир Капија до Смоквица во должина од 28 километри. Грувески изјави дека една третина од активностите за изградба на автопатот се завршени и од вкупно 210 милиони евра досега се потрошени 46 милиони.
-Работите се одвиваат според утврдената динамика. Досега е пробиена 95 отсто од трасата, значаен дел е веќе тампониран, а еден мал дел веќе и се асфалтира. Почнува работењето на мостовите и околу една третина од работите се извршени – изјави Груевски.
Изведувач на работите на овој автопат е грчката компанија „Актор“, а планирано е овој дел од коридорот 10 да биде готов за две години.
Премиерот Груевски денеска го посети и селото Ѓавато, каде ги предаде во употреба новата водоводна мрежа и систем за фекална канaлизација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски