| четврток, 6 декември 2018 |

Јанукович им понудил места во Владата на опозиционерите Јацењук и Кличко

Украинскиот претседател Виктор Јанукович му понудил на опозицискиот лидер Арсениј Јацењук да стане премиер на земјата, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на соопштение на сајтот на шефот на државата.

До овој момент нема коментар од страна на Јацењук.

Не е познато дали предлогот ќе ја смири радикалната фракција меѓу демонстрантите, која неделава влезе во судири со органите на редот, забележаа американските медиуми.

Соопштението беше ставено на сајтот на Јанукович по денешната негова средба со лидерите на опозицијата, меѓу кои е и Јацењук.

Разговорите траат веќе над три часа, пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на прес службата на шефот на државата.

Украинската опозиција во последните два месеца оддржува постојани протести што беа предизвикани од откажувањето на процесот на потпишување на спогодбата за асоцирање на земјата во ЕУ и на интензитет и сила добија во последните неколку дена.

Опозицијата бара Јанукович да поднесе оставка и да се закажат предвремени парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top