Три лица загинаа денеска во пукотница во трговски центар во американскиот град Колумбија, во државата Мериленд, соопштоја светските агенции, цитирајќи ја полицијата.
Уште не е сигурно, но се претпоставува дека едниот од убиените е човекот кој пукал.
На посетителите им било дозволено да го напуштат трговскиот центар, откако било утврдено дека веќе нема никаква закана, соопштија британските медиуми.
Колумбија е предградие на Балтимор, а се наоѓа на 48 километри северно од американската престолнина Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.