Поранешниот амбасадор во Грција Љупчо Арсовски во интервју за Република ТВ вели дека грчкиот шеф на дипломатијата и заменик премиер Венизелос со неговата посета ќе мора да донесе нешто ново во однос на комуникацијата меѓу двете држави. Како вокабулар, тој нема да може да донесе ништо повеќе или помалку од она што го изнесе во Европарламентот при најавата за посета на Македонија, па затоа е потребна соодветна подготовка за да се одговори на тие ставови.
Амбасадорот Арсовски, како долгогодишен познавач на состојбите во грчата политика, како и заради стекнатите познанства и искуства со дел од актуелните грчки политичари, меѓу кои е и Венизелос, оценува дека Грција е свесна дека во Европа се раѓа отпор кон нив, заради нивниот национализам, а сето тоа се надополнува со економската криза.
За грчкиот премиер Самаас вели дека е истрошен националист и политичар кој воопшто не е на ниво на неговиот заменик Венизелос, кој ужива особен респект во меѓународната политика. Не случајно Венизелос до сега министерувал девет пати со осум министерства.
Интервјуто со амбасадорот Љупчо Арсовски погледнете го на Република ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.