| четврток, 6 декември 2018 |

Гугл ги бара причините за падот на Џи-меил

GmailКомпанијата „Гугл“ соопшти дека започнала истрага за утврдување на причините за копасот на нејзиниот сервис за електронска пошта Џи-меил (Gmail), кој го користат стотици милиони лица ширум светот.
– Ги проверуваме информации за проблеми со Џи-меил. Повеќе, информации за целиот случај ќе објавиме наскоро, се наведува во соопштението на „Гугл“.
Компанијата објаснува дека корисниците при обид да се вклучат во системот на Џи-меил добиваат порака насловена како „Времена грешка“ во која се вели: „Жалиме, но вашиот Џи-маил профил е времено недостапен. Се извинуваме за непријатностите и Ви предлагаме да се обидете повторно по неколку минути“.
Покрај на Џи-меил, одредени проблеми се регистирани и на социјалната мрежа „Гугл +“ и на „Јутјуб“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top