Протојереј Веско Каранфиловски од Македонската православна црковна општина Свети Никола во Перт, Австралија, кој чиноначалствуваше со богослужбата на Водици и го фрли крстот во реката Свон, не паднал од чамецот во водата туку само се наводенил, тврди управата на Православната црковна општина Свети Никола во Перт, Австралија.

Чамецот (од кој се фрлаше крстот н.з.) се приближи до брегот и, за да не ги гази протојерејот тие 3 метри до брегот, се понудија двајца верници да го пренесат од чамецот. Едниот од нив се лизна и падна во водата, а протојерејот во водата падна до колена над едниот од нив, па затоа бомбастичната вест дека попот ќе се удавел (40 см) и оти го спасувале спасувачи и други верници, е преувеличана”, стои во реакцијата на управата на црквата Свети Никола објавена во “Вест”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


