Државна лотарија на Македонија од денеска ќе постави отворен пункт за оставање пликови за учество во наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, на Плоштад „Македонија“ во Скопје на две локации:
1. во продажниот салон на ТЕХНОМАРКЕТ во „Сити галери“ (работно време секој ден, освен недела, од 9 до 21 часот);
2. пред продажното место ТОЛЛАКС на ул. Македонија (рабитно време секој ден од 8 до 24 часот).
Граѓаните пликовите со по 20 фискални сметки (валидни со најран датум од 15.11. 2013), лист со лични податоци и напишана адреса на приредувачот со напомена: За наградна игра „Фискална во рака – награда без мака“, ќе може да ги оставаат во тек на работното време на наведените продажни места и, секако, може да ги оставаат во наменската кутија во зградата на МРТ. За учество во второто извлекување пликовите во наменските кутии може да се оставаат до 26.1. 2014, до 24 часот. Ковертиите кои ќе бидат оставени по ова време ќе се земат предвид за третото извлекување.
Второто извлекување за наградната игра ќе се реализира на 27.01. 2014 година – понеделник, со пренос во живо на МРТ1 од 20 часот. Главната награда за ова извлекување е автомобил „фолксваген поло“ и 150 вредносни ваучери, во вредност од 1.000 – 60.000 денари.
Извлекувања од наградната игра ќе се реализираат секој месец до крајот на 2014 година. Во сите извлекувања редовни награди се автомобил и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари, а во седмото (кое ќе се реализира на 30.06. 2014) и тринаесетото (кое ќе се реализира на 29.12. 2014), покрај за редовните награди ќе се извлекува и за главните награди – стан во Скопје и продажен простор во Скопје. Во седмото извлекување за наградите стан и продажен простор ќе учествуваат и неизвлечените коверти од второто заклучно со шестото извлекување, а во тринаесетото, за извлекување на наградите стан и продажен простор ќе учествуваат неизвлечените коверти од осмото заклучно со дванаесетото извлекување
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


