Од Општина Струмица ги отфрлаат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за незаконско работење со тендерската документација и јавните набавки.
– Тоа е истата ВМРО-ДПМНЕ која ги контролира сите институции во државата. И токму овие институции под нејзина контрола по неколку пати ги проверуваа сите јавни набавки во Општина Струмица и констатираа дека јавните набавки се спроведени во согласност со законите – се вели во писмената реакција на Општина Струмица.
Од Општината велат дека целокупната тендерска документација за сите јавни набавки во Општина Струмица е објавена или, како што велат и од овие причини објавената документација е достапна и за ВМРО-ДПМНЕ.
– Јасно е дека исклучиво по законски процедури се склучувани договори со фирми, меѓу кои и бројни фирми на функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, а Општина Струмица е пример како се работи законски, одговорно и во интерес на граѓаните – стои во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


