Затвореник од Шри Ланка за време на претресот на неговата ќелија се обидел да го сокрие својот мобилен телефон во анусот. Но за несреќа, некој решил да го побара во периодот кога телефонот му бил во анус. Чуварот слушнал како ѕвони телефонот.
Педесетгодишниот затвореник, кој отслужува десет годишна казна, се наоѓал во затворот Великада во градот Котте, во кој е забрането внесување мобилни телефони. По инцидентот, затвореникот бил пренесен во болница каде му биле направени рендгенски снимки, по што мобилниот телефон му бил отстранет. По два дена бил отпуштен од болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


