| четврток, 6 декември 2018 |

За два месеца почнува да работи државната кардиохирургија

За два месеци почнува да работи државната кардиохирургија. Ваква одлука е донесена на последната владина седница. За почеток ќе биде сместена на Торакална, каде што и сега во една од салите се прават неонатални операции. Потоа државната кардиохирургија ќе се сели на Клиниката за кардиологија за каде ќе биде распишан тендер за опрема и адаптација на простор вреден 150 милиони денари. Надлежните информираа дека операциите ќе ги прават тројца лекари со искуство. Дел од тимот ќе биде составен од македонски, а дел странски лекари. Предвидено е до крајот на годинава да направат 50 операции.

Владата одлучи да се формира и посебна нова здравствена установа – државна кардиохирургија.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, посочи дека првпат по 50 години во Република Македонија Владата ја основа првата Државна кардиохирургија, со што се решава повеќедецениски проблем кој претставува еден од националните медицински приоритети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top