Активностите на Билатералниот секретаријат околу заштита на сливот на Охридско Езеро влегоа како позитивен пример во последното издание на официјалниот Прирачник на Обединетите нации, објави „Охрид 1“.
Во луксузното издание на Прирачникот на ООН, покрај текстот за заштитата на езерото и за воспоставените прекугранични институционални активности и цели, се наоѓа и фотографија на Охрид што е извонредна бесплатна реклама низ светот за градот и неговото природно и културно наследство.
– Токму сето тоа што е досега релизирани како активност го сврстило процесот на прекугранична заштита на Охридско Езеро како еден од примерите за соработка и како таков е ставен како дел од најновиот Прирачник за прекугранично управување со води на Обединетите нации како пример кои треба да го следат и другите земји во светот. Од нашите регионални искуства посочен, исто така, е и примерот на трилатералното управување со Преспанско Езеро, што исто така дел од поширокиот дримски басен – информира Дејан Паноски од проектот за заштита на Охридско Езеро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


