Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Роџер Федерер во меч за пласман во финалето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн со максимални 3-0 (7-6, 6-3, 6-3) во сетови. Добрата игра од почетокот на турнирот популарниот „федекс“ не успеа да ја повтори и против првиот светски рекет на листата на АТП. Надал беше супериорен во текот на целиот натпревар не дозволувајќи му на противникот ни грам надеж за победа.
Надал беше на чекор до брејк во првиот сет, но Швајцарецот успева да оддолее на нападите и успешно го стигна до тајбрејк. Сепак, Рафа успеа да го победи во тртиот сет со 7-4 во поени.
Супериорната игра на Надал продолжи во следните два сета и рано успеваше да го одземе сервисот на Феререр и да го приведе сетот до крај.
Надал во неделното финале ќе се сретне со уште еден Швајцарец. Станислас Вавринка се пласираше во финалето откако во првото полуфинале вчера го победи Томаш Бердих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


