| четврток, 6 декември 2018 |

Осумгодишен херој спасил шест лица во пожар, но загинал спасувајќи го својот неподвижен вујко

Осумгодишниот Тајлер Духан од Рочестер, Њујорк, успеал да спаси шест лица од пожар кој избил во нивната приколка, објави „Тера“. Малиот херој веднаш штом го забележал пожарот почнал да ги буди луѓето кои во моментот се нашле на местото на несреќата, но, за жал, тој не успеал да се извлече од пламените јазици додека се обидувал да го спаси својот болен вујко. Детето било пронајдено во приколката заедно со дедото и вујкото кои, исто така, загинале во несреќата. Меѓу лицата кои успеал да ги спаси се и две дечиња на возраст од четири и шест години. Тејлор не живеел во приколката, но дошол на гости кај својот дедо.

Пожарот избил во раните утрински часови, а телото на момчето е најдено покрај вујкото кој бил во инвалидска количка. Приколката била во многу лоша состојба, а се поставува прашањето зошто дури девет лица се нашле во неа за време на несреќата. Директорот на училиштето во кое учел Тејлор изјавил дека не е изненаден од неговата постапка.
– Таков беше, и во моето срце, и во срцето на целиот град, Тајлер ќе биде запаметен како херој – истакнал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top