| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ стискал заби цела недела, повредата му е уште од дуелот со Бруклин во Лондон

Pero-Antic-KG-london

Перо Антиќ се повредил на натпреварот што Атланта хоукс го играше во Лондон против Бруклин нетс, пред осум дена, но стискал заби за да му помогне на тимот и да не го остави на цедило по повредата на Ал Хорфорд.

Првиот македонски кошаркар во НБА потоа одигра уште два натпревари, и тоа извонредно, против Мајами и Орландо, за да се утврди дека проблемот со скочниот зглоб е премногу сериозен за да продолжи да настапува.

Сега ќе мора да паузира од две до 4 седмици, во незгоден период пред Олстар-викендот во Њу Орлеанс, од 14 до 16 февруари, каде што беше кандидат за настап во тимот на дебитантите против „сомфори“. За тоа уште има надеж, ако рехабилитацијата оди како што треба.

За Атланта „проклетството“ со повредите на високите играчи, за жал, продолжува, коментираат американските медиуми. Сега во играта на Хоукс се очекува поголем придонес од мексиканскиот крилен центар Густаво Ајон, а поголема минутажа ќе добие и ветеранот Елтон Бренд, но факт е дека Атланта ќе има проблеми на центарската позиција. И досега тие немаа класична „петка“ бидејќи тоа не е природна позиција ниту за Хорфорд ниту за Антиќ, па ни за Бренд и Ајон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top