Украинската полиција соблекла еден демонстрант и го нaтерала да стои гол на снегот, а потоа го фотографирале, покажува снимката објавена денеска, пренесе телевизија „Тера“.
Видеото го објавила „Руска правда“, а на него бил прикажан маж на возраст од околу 40 години, кој стои на снегот само по чорапи во близина на полициски автобус. Температурата во моментите кога била направена снимката изнесувала мунис 10 Целзиусови степени.
Откако полицаецот го снимил, на човекот му било дозволено да влезе во автобусот, а за тоа време еден од полицајците му удрил клоца.
Полицијата подоцна со соопштение се извинила за „недозволивата акција“ и одговорните објавиле дека почнале акција околу инцидентот.
Во изминатите неколку денови во судирите биле убиени најмалку тројца демонстранти, а над 150 полицајци биле повредени во центарот на Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)


