| четврток, 6 декември 2018 |

Нова победа на Мајами, Олдриџ со личен рекорд од 44 поени

Синоќа во НБА-лигата се одиграа само два меча. Шампионот Мајами без поголеми проблеми го победи тимот на ЛА Лакерс со 109-102. Крис Бош имаше фантастична вечер со 31 поен, што е втор најдобар ефект во сеозоната. Во овој дуел Бош докажа дека може да се смета на него и кога тимот е во напад. Тој ги погоди последните осум шута. Леброн Џејмс постигна 27 поени и 13 скока. Кај „езерџиите“ најефикасен беше По Гасол со 22 поени и 11 скока.
Портланд беше пред пораз бидејќи губеше на домашен паркет со 15 поени разлика во текот на третата четвртина. Сепак, Лемаркус Олдриџ, кој постигна личен рекорд од 44 поени, успеа да ја намали разликата и во финишот да го доведе својот тим до победа. Кај поразените, најефикасни беа Вилсон Чендлер со 18 и Ренди Фој со 14 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top