| четврток, 6 декември 2018 |

Писмо од мајка на дете со посебни потреби до оние кои свесно ги игнорираат знаците за хендикепирани

На социјалните мрежи се појави писмо од револтирана мајка на дете со посебни потреби, упатено до оние кои свесно ги игнорираат знаците за хендикепирани и не им дозволуваат полесно да стигнат до саканата дестинацијата.

-Секој ден, се будам во во 4:15 со цел да излеземе од дома во 6:45. За време на овие 2 часа и половина јас се спремам себеси и моите 2 деца. Се прашувате сигурно зошто ми е потребно толку време? Затоа што мојот син има Спинална Мускулна Атрофија и јас секое утро морам да ги изгаснам и организирам машините кои ги користиме во текот на ноќта (бипап машина, инхалатор, машината за искашлување) Исто така треба да ги извадиме ортозите кои ги носи во текот на ноќта. Покрај ова секое утро мора да ја спремам неговата електромоторна количка чија батерија мора да е наполнета и да ја сместам во комбето. И на крај сите оние работи која секоја мајка ги прирема за своите деца наутро, неговиот ранец, ручек, домашните задачи и сите помагала кои му се потребни за на училиште. Сите овие работи ги правам секој ден и се чуствувам среќна. Нашиот живот е полн со предизвици, но со добра организација, функционираме. Нешто што никако неможам да разберам се идивидуите кои свесно ги отежнуваат животите на оние кои живеат со хендикеп. Оние кои свесно ги игнорираат знаците за хендикепирани кои се поставени на јавни места со цел побрзо да стигнат до својата дестинација. Неможам да ви опишам колку многу пати не сум била во можност да паркирам затоа што некои индивидуи илегално ги користат местата за паркирање наменети за луѓе со посебни потреби. Неможам да ви опишам колку многу пати не сум била во можност да ја симнам или качам количката, а и детето затоа што колата до нас е паркирана преблиску до нашата и нема простор ниту вратата да се отвори. Ве молам не дозволувајте вашата мрзливост, негрижа или игнорантост да го отежнува нашиот живот кои и онака е полн со предизвици и препреки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top