| четврток, 6 декември 2018 |

Одбрани првите петорки за Олстарот на НБА

Гласањето за изборот на првите петорки за претстојниот Олстар-викендов во НБА заврши минатата ноќ, односно познато е кои играчи ќе го почнат натпреварот што ќе се одигра на 16 февруари во Њу Орлеанс.

Најмногу гласови освои кошаркарот на Мајами, Леброн Џејмс (1.416.419), а покрај него во првата петорка на Истокот ќе бидат Пол Џорџ од Индијана (1.211.318), Кармело Ентони од Њујорк Никс (935.702), кошаркарот на Кливленд, Кајл Ирвинг (860.221) и соиграчот на Леброн, Двејн Вејд (929.542).

Во петорката на западот ќе се најдат Кевин Дурант од Оклахома (1.396.294), бекот на Голден Стејт, Стеф Кари (1.047.281), Коби Брајант (988.884), центарот на Клиперс Блејк Грифин (688.466) и крилниот центар на Минесота, Кевин Лав (661.246).

Она што е интересно е дека навивачите во петорката на западот го одбраа Коби Брајант, кој оваа сезона одигра само шест натпревари. Моментално е повреден, па неговото учество на Олстарот е неизвесно, но доколку игра, ова ќе биде негов 16 настап на ова натпреварување.

Повеќе настапи од Коби има само Карим Абдул Џабар, кој има игран 19 Олстар-натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top