Шизматичката црква од Скопје не може да се вика македонска, туку да го прифати древното име Охридска архиепископија, е ставот што деновиве го изнесе Михаил Тритос, декан на Теолошкиот факултет при државниот Аристотелов универзитет во Солун, Грција, пренесува „Дневник“.
Освен ова, тој ѝ упати порака на МПЦ-ОА дека треба да побара извинување од мајката-црква на Србија поради „пучистичко одвојување“. Откако ќе го направи ова, Македонската православна црква, според него, може право да се надева на автономија, а дури потоа и на евентуална автокефалија. Овој грчки теолог, кој доаѓа од државен универзитет, истовремено смета дека нашата црква е под големо влијание на државата.
Тритос, кој во грчките кругови важи за влијателен теолог, ваквите ригидни ставови за МПЦ-ОА ги искажал во контекст за изрекувањето на затворската казна за расчинетиот владика Јован Вранишкоски за грчкиот верски информативен портал „Ромфеа“ (Romfea.gr).
Неговите ставови, всушност, ги одразуваат и позициите во грчките црковни кругови кога е во прашање решавањето на проблемот што МПЦ-ОА го има со Српската православна црква. Тие позиции покажуваат дека и државните и црковните кругови во Грција категорично стојат зад непризнавањето на МПЦ-ОА како самостојна црква, која категорично не може да ја користи придавката „македонска“.
– Шизматичката црква да побара извинување од мајката-црква на Србија за пучистичкиот начин со кој се отцепи и да ги признае како антиканонски своите дејства од 1967 година до денес. Потоа, да го прифати името на древно проблеснатата Охридска архиепископија, а не Македонска. Официјалната власт да ја остави слободна црквата да ги исполнува своите духовни цели -истакнува Тритос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
Името на МПЦ останува непроменето