| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ повреден во незгоден момент, паузата е две до четири недели

Перо Антиќ го повредил скочниот зглоб на десната нога на дуелот со Орландо меџик и ќе паузира од две до четири седмици. Тоа е мошне незгодно за моментно четврторангираниот дебитант во НБА-лигата и токму непосредно пред одредувањето на тимовите за олстар-викендот во Њу Орлеанс закажан за викендот од 14 до 16 февруари.

Антиќ имаше изгледни шанси да настапи во тимот на дебитантите во таканаречениот „Rising Stars Challenge“, а вака македонскиот „јастреб“ од Атланта ќе се трка со времето, секако ако биде избран.

За тоа одлучуваат помошниците тренери во НБА-лигата, а двете екипи составени од кошаркари што играат прва сезона или „руки“ против „сомфори“, односно играчи што се втор циклус во НБА, ќе бидат познати деновиве. Тој меч е закажан за почетокот на спектаклот на „сите ѕвезди“ во најсилната кошаркарска лига на светот и ќе се игра в петок, на 14 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top