| четврток, 6 декември 2018 |

Каков ќе биде животот надвор од ЕУ – европратеник предлага две европски унии

Поранешниот европратеник  од УКИП (Британска Партија за независност), а сега во редовите на конзервативците, Дејвид Кемпбел Банерман, смета дека Британија треба да цели кон статус во ЕУ кој би бил нешто меѓу Швајцарија и Норвешка.

Банерман предлага учество во единствениот европски пазар, но не во рамки на нејасните политички аранжмани, туку само како техничка можност за соработка.

Меѓу земјите што тој смета дека сега го прават тоа, како Исланд, Сан Марино, Црна Гора, ја споменува и Македонија

Банерман смета дека ако Британија се залага за таков статус, овие земји, кои сега се надвор од ЕУ, како и една или две од постојните земји-членки ќе ги постават своите цели на линија со британските.

Со тоа практично ќе постојат две концентрични европски организации, едната панконтинентална слободна трговска зона со 35 до 40 земји  и една политичка унија со 20 до 25 земји-членки.

Во својата анализа авторот Ден Ханан, кој ги пренесува ставовите на Банерман, вели дека не е важно како ќе се нарекуваат овие системи. Може да се наречат Обновена ЕФТА, Брексит, асоцијативен статус или привилегирано партнерство. Ваквата варијатна ќе ги направи сите во Европа многу посреќни, вели Ханан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top