| четврток, 6 декември 2018 |

Ивица Коневски е најуспешниот скопски градоначалник

Градоначалникот на скопската населба Аеродром, Ивица Коневски е избран за најуспешен градоначалник во Скопје за 2013 година.

На второто место, според анкетата што ја спроведе „Скопјеинфо“, се наоѓа градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, а на третото место е Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалник на општина Кисела Вода.

По изборот, градоначалникот Коневски најави дека ќе продолжи со реализацијата на проектите кои се во интерес на жителите од неговата општина.

– За мене ова претставува огромна чест и поттик, но и голема одговорност да продолжиме со исто темпо во интерес на жителите на општина Аеродром. Во следниот период ќе се фокусираме на завршување на проектите што ги започнавме во 2013 година, а тоа се изградба на инфраструктура на сите оние места каде се градат нови згради, завршување на изградбата на новиот спортски центар „Јане Сандански“, повеќе паркови и зеленила, поставување на автомаски систем за наводнување и многу други проекти – истакна Коневски.

Прогласувањето на тројцата најуспешни градоначалници во Скопје го организираше порталот „Скопје инфо“. Во изборот за најуспешен градоначалник учествуваа 25 илјади граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top