| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на трансексуалец: Kршев ребра за совршен струк

Еден од најпознатите трансексуалци во Њујорк, Аманда Лепоре, која направи операција за промена на полот на само19 години, во интервју за магазинот „Into the Gloss“ се отвори за целата болка кој ја претрпела за да добие саканиот изглед.

Четириесетгодишната откри дека по промената на полот имала уште три операции на градите, ставила имплант во задникот,  па дури и ги кршела своите ребра за да има потенок струк.

social-star-awards-day-1-20130523-170622-025

– Мислам дека Ракел Велч и Шер ја направија истата операција. Таа е нелегална во САД и затоа ја направив во Мексико. Ми ги скршија ребрата на грбот и ме затегнаа, така што нема лузни – вели Лепоре, која сега има совршена линија на „песочен часовник” .

Од пластични операции на лицето, таа има направено на усните, носот, лифтинг на лицето и намалување на линијата на косата.

– Наместо да ги имитирам девојки со кои пораснав и кои ме исмејуваа, решив да изгледам како филмска ѕвезда – изјавила пејачката и танчерка.

Аманда моментално работи на нејзиниот нов музички албум и пишувањето на своите мемоари .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top