За време на дебатата околу корупцискиот скандал во кој се инволвирани лица блиски до Владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган, денеска во турскиот Парламент дојде до тепачка меѓу неколку пратенци.
Во тепачката еден од опозициските пратеници беше удрен во лицето и заврши во болница.
Пратеникот од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Булент Тезџан бил удрен со тупаница од пратеникот од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Октај Сарал.
Физичката пресметка избила во моментот кога Парламентот се подготвувал да ја продолжидебатата за контроверзниот предлог-закон, со која треба да се зголеми владината контрола врз судството.
Турската Влада е соочена со истрага за корупција, а опозицијата тврди дека предложените мерки за промени во судскиот систем ќе му овозможат на Ердоган да ја задуши корупциската истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.