Тензиите во Украина денеска се проширија далеку од главниот град Киев, откако стотици антивладини демонстранти ја зазедоа зградата на регионалната администрација во Лвов и го принудија регионалниот гувернер Олег Сало да потпише изјава за оставка.
Лвов е еден од најголемите градови во западна Украина, каде претседателот Виктор Јанукович има слаба поддршка. Сало, кој е назначен од претседателот изјави дека ја потпишал оставката под принуда и истакна дека неговиот потпис е неважечки.
Антивладини демонстранти веќе неколку дена блокираа касарна во Лвов, со цел да им оневозможат на војниците да бидат префрлени во Киев.
Лвовскиот градоначалник Андриј Садович вчера изјави пред демонстрантите дека во градот нема да бидат применувани законите, усвоени од Врховната рада на 16 јануари, кои според него се спротивни на Уставот, но и на здравиот разум.
Во градот Ровно, исто така во западна Украина, демонстрантите денеска ја презедоа зградата на ровненската регионална власт, јави ИТАР-ТАСС. Во зградата престојуваат околу 400 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени