Ова е фотографијата која ќе стои во полициското досие на тинејџерската ѕвезда. 20-годишниот Џастин Бибер беше приведен
во Мајами поради возење под дејство на алкохол и тркање по улиците.
Бибер моментално се наоѓа во притвор, каде што со помош на тестови ќе се утврди колкава е количината на алкохол во неговиот организам. Потоа се очекува полицијата да го однесе во затвор, каде што ќе му биде одредена кауција.
Џастин е уапсен додека се возел со жолто „ламборгини“, а со него во автомобилот била непозната манекенка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.