Четири деца денеска се полесно повредени кога експлодира тобоган за деца на надувување на Белградскиот саем, потврди српското МВР.
Повредените деца се пренесени на Институтот за мајки и деца и на Ургентниот центар, а според првите информации, нивната состојба е стабилна.
Во Итна помош потврдиле дека веднаш по дојавата за несреќа, на местото на експлозијата, упатени се две екипи на Итната помош и дека засега нема детали за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.