| четврток, 6 декември 2018 |

Хашкиот трибунал изрече затворски казни за Шаиновиќ, Лукиќ, Лазаревиќ и за Павковиќ

Хашкиот трибунал денеска го осуди поранешниот потпретседател на Владата на Сојузна Република Југославија, Никола Шаиновиќ, на 18 години затвор, полицискиот генерал Сретен Лукиќ на 20, генералот на Војската на Југославија, Небојша Павковиќ, на 22 и Владимир Лазаревиќ на 14 години затвор поради злосторства над косовските Албанци во 1999 година.

На генералот Павковиќ, поранешен командант на Третата армија на ВЈ, му е потврдена правостепена пресуда од 22 години затвор.

На Шаиновиќ му е намалена казната од 22 на 18 години, а на началникот на штабот на косовското Министерство за внатрешни работи, Лукиќ од 22 на 20, а на началникот на штабот на Приштинскиот корпус Лазарeвиќ од 15 казната му е намалена на 14 години.

Со обвинението е опфатен и поранешниот претседател на Србија, Милан Милутиновиќ, кој првостепено е ослободен од сите точки на обвинението.

Поранешниот началник на ГШ на ВЈ, Драгољуб Ојданиќ, за истото дело е осуден на 15 години затвор. Тој минатата година излезе од затвор откако отслужи две третини од казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top