Кејт Бланшет, славната актерка, била пијана кога ја примила наградата „Златен глобус“, па не се сеќава на моментот кога ѝ било доделено престижното признание.
Бланшет (44) неодамна ја освои наградата за најдобра актерка во филмот на Вуди Ален „Тажната Џасмин“ (Blue Jasmine), но признава дека не се сеќава на церемонијата бидејќи била „под гас“.
– За жал, мојата категорија доцна дојде на ред, па прилично бев „под гас“. Кога ќе ви го прочитаат името, адреналинот ви скока, така што воопшто не се сеќавам на тој момент. Се надевам дека не направив нешто поради што ќе жалам – изјави Бланшет за „Дејли телеграф“.
Актерката е воодушевна од наградата и наводно статуетката насекаде ја носела со себе.
– Глобусот ми е во хотелската соба и моите синови околу него направија мал олтар со цвеќе – изјави Бланшет.
Таа е многу горда на својата улога.
– Кога сте горди на нешто што сте направиле и кога глумите во филм за кој сметате дека има некоја тежина, а публиката ве сака и критиките се добри, тогаш чувството е добро. Не сакате наградата да собира прав на дно на некој орман – изјави Бланшет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.