Сообраќајната полиција вчера на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив осум се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и еден пешак. Се случиле и две незгоди кои резултирале со
тешки телесни повреди.
Првата се случила во 12 часот на крстосницата од регионалниот пат Катланово – Скопје и локалниот пат за „Фазанерија“ – Јасен во која учествувале мопед „томос“ со скопски регистарски таблички управуван од граѓанин на Скопје. Возачот при свртување на лево према локалниот пат за „Фазанерија“ – Јасен од непознати причини загубил контрола над возилото, паднал на коловозот и како последица од незгодата возачот на мопедот добил тешки телесни повреди.
Втората незгода се случила во 13 часот и 45 минути на влез–излез од ЈЗУ лоцирана на ул. „Трета македонска бригада“ во која учествувале товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје и пешак граѓанин на Скопје.
Како последица на незгодата пешакот добил тешки телесни повреди. Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште три незгоди со мала материјална штета.
Сообраќајната полиција вчера откри и санкционира 30 возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив осум возачи со своите возила се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, шестмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и осуммина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.