Најмалку 21 лице загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава во централна Турција.
Локалната полиција соопшти дека до трагедијата дошло кога автобусот се излизгал на заледен автопат.
Според портпаролот на полицијата, на самото место загинале 20 лица, а уште еден патник им подлегнал на повредите на пат кон болница.
Некои од патниците загинале кога скокнале од прозорците на автобусот, кој додал дека бројот на жртви ќе порасне бидејќи во болница има уште двајца патници кои се во критична состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.