| четврток, 6 декември 2018 |

Каменос: Привремената спогодба од 1995 година е истечена

grcija-13

Во пратеничко прашање до шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, лидерот  на Независни Грци Панос Каменос констатираше дека Привремената спогодба од 1995 година била истечена. Како што јавува дописникот на „Нетпрес“ од Атина, грчкиот премиер Андонис Самарас досега осум пати одби да одговори на пратеничките прашања на Каменос за Македонија, а пред сè на прашањето дали за Самарас сега, за разлика од порано, е прифатливо евентуалното компромисно име воопшто и да го содржи терминот Македонија.

Нагласувајќи дека премиерот Самарас осум пати не одговори на неговите прашања, Каменос овој пат побара Венизелос да ја открие вистинската содржина на разговорите за името прашувајќи дали има вистина во информациите дека на маса е предлогот Нова Република Македонија и каков би бил опсегот на употреба на името во овој случај.

– Парламентот да биде информиран дали актуелната влада има намера да распише референдум ако некогаш се постигне заемно прифатлив компромис за името и дали планирате да нè известите за Привремената спогодба од 1995 година, која е веќе истечена, но молчеливо се продолжува на неодредено време? – се вели во вториот дел од пратеничкото прашање на Каменос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top