| четврток, 6 декември 2018 |

Со Дурент никогаш не е досадно

Играчот на Оклахома сити тандер, Кевин Дурент постигна 36 поени за победа на својот тим на жешкиот терен во арената „Аламо дом“ против тимот на Сан Антонио од 111-105. Ова беше деветти натпревар за „дурантула“ со постигнати преку 30 поени на натпревар. Ова беше трета победа на Оклахома во дуелите со Сан Антонио. Паркер постигна 37 поени за домаќините, но овој рекорд за Французинот во оваа сезона не помогна за победа. Оклахома се искачи на врвот на табелата во западната конференција.
Индијана беше непријатно изненадена на гостувањето кај Феникс со 124-100. Најдобрата одбрана во лигата прими дури 124 коша. Феникс ја наметна својата игра со брзи напади и прецизен шут. Џералд Грин им даде 23 поени на своите поранешни играчи. Словенцеот Драгиќ постигна 21 поен. И покрај поразот, Индијана остана на врвот на источната конференција.
Хјустон им се освети на Сакраменто за двата пораза во досегашниот дел од сезоната. Двајт Хауард беше агресивен во текот на целиот меч и по завршетокот призна дека му недостасувало тоа. Вечерта ја заврши со 26 поени и 13 скока. Џејмс Харден додаде 24 поени и девет асистенции. Во текот на целиот натпревар победникот не беше доведен во прашање.

Резултати:

Феникс – Индијана 124-100, Сан Антонио – Оклахома 105-111, Милвоки – Детроит 104-101, Хјустон – Сакраменто 119-98, Њујорк – Филаделфија 106-110, Шарлот – ЛА Клиперс 95-91, Торонто – Далас 93-85, Вашингтон – Бостон 111-113 (по продолжение), Орландо – Атланта 109-112, Кливленд – Чикаго 87-98.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top