| четврток, 6 декември 2018 |

Индијка силувана од 12 мажи бидејќи го изневерила сопругот

По наредба на селски совет, жена во Индија била силувана од 12 мажи како казна затоа што наводно имала вонбрачна врска, соопшти денеска локалната полиција.

Советот на едно село во индиската сојузна држава Запaден Бенгал побарал да биде извршена казната откако 20-годишната жена била обвинета за врска со маж од друга заедница.

Полицијата уапси 12 луѓе, јавуваат локалните медиуми.

Селскиот совет првично побарал од родителите на девојката да платат казна од 25.000 рупии (400 долари), но откако биле одбиени ја наложиле казната со силување.

– Претседателот на селскиот совет свикал итен состанок на локалниот „плоштад“ на кој девојката и нејзиниот љубовник биле врзани за две дрва и им била одредена казна од 25.000 рупии. Родителите на девојката немале да платат и потоа е наредено силување додека мажот бил ослободен откако тој се согласил да плати казна во рок од една недела – изјави полициски претставник.

И покрај строгите закони и напори на властите во патријархалното индиско општество да се променат ставовите спрема жените, бројот на пријавени сексуални злосторства во таа држава расте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top