| четврток, 6 декември 2018 |

„Бекутан“ – една од најпрепознатливите марки во поранешна Југославија

becutan

Кремот за деца „Бекутан“, кој го произведува македонската компанија „Алкалоид“, е една од марките што со децении се едни од најпрепознатливите производи на просторите на поранешна Југославија.

Телевизијата „Ал Џазеира Балканс“ почнува серијал под името „Мејд ин комунизам“ во кој го истражува начинот на кој некои марки го преживеале комунизмот, а потоа профитирале и во капитализмот.

Една од тие марки е и кремот „бекутан“, со кој пораснаа многу деца. Освен за „бекутан“, телевизијата ќе има прилози и за словенечката марка „горење“, потоа кексите „плазма“, моторите „томос“,  зачинот „вегета“ и други.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top