| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејсбук“ за три години ќе загуби 80 проценти од корисниците

20130103-ova-se-najvlijatelnite-lugje-na-fejsbuk-1 Истражувачите од американскиот Универзитет „Принстон“ тврдат дека најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“ до 2017 година ќе загуби околу 80 проценти од корисниците. Истражувачите Џошуа Спечлер и Џон Канарела дошле до овој заклучок врз основа на пребарувањето на „Фејсбук“ на „Гугл“. Како што тврдат, социјалната мрежа станува помалку популарна од декември 2012 година, кога го достигна врвот, пишува британскиот весник „Гардијан“. „Фејсбук“ во почетокот на февруари ќе ја прослави десеттата година од постоењето и ги надживеа ривалите како „Бебо“ и „Мајспејс“. Во октомври минатата година „Фејсбук“ имаше 1,2 милијарда активни корисници. Истражувањата покажале дека оваа социјална мрежа помалку се користи на десктоп-компјутерите, отколку на телефоните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top