| четврток, 6 декември 2018 |

Украина пред граѓанска војна: САД се закануваат со санкции, Русија не се меша (живо)

Anti-government protests in Ukraine

Демонстрациите во Киев влегоа во петтиот ден. Украина е на раб на граѓанска војна. САД се закануваат со санкции, а Русија стои настрана.

Вашингтон се закани дека ќе воведе санкции ако продолжат насилствата против демонстрантите.

– Ако мораме да направиме дополнителни чекори, ќе го сториме тоа – порача портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф.

Официјална Москва, пак, соопшти дека нема да се меша во ситуацијата во Украина, каде што во досегашните судири загинаа пет активисти на опозицијата.

– Не мислам дека имаме право на интервенција во внатрешните работи на Украина на  каков било начин. Потполно ни е неприфатливо да се мешаме во работите на друга земја – изјавил Дмитриј Песков, портпарол на претседателот Путин.

Русија, според портпаролот, е уверена дека украинските власти знаат што треба да работат и дека ќе најдат најдобро решение за работите да се вратат во нормала.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top