Во Македонската опера и балет ќе се одржи концерт по повод 70-годишнината од раѓањето на композиторот Ристо Аврамовски.
Аврамовски е меѓу ретките композитори кој создаде дела од сите музички форми, од соло песни до ораториуми и опери. Автор е на музиката за балетот „Чекори на Терпсихора“, по текст и либрето на Блаже Конески, а за врв на неговото творештво се сметаат оперите „Болен Дојчин“ и „Лидија од Македонија“, од која фрагменти ќе бидат изведени на вечерашниот концерт.
Ќе настапат хорот и оркестарот на МОБ под диригентство на Бисера Чадловска и ќе учествуваат: Валери Стефановски, Јасна Аврамовска, Гордана Јосифова-Неделковска, Тодор Светиев, Михајло Куфојанакис, Татијана Петрушевска-Караскакоска, Васко Караскакоски, Ванчо Аревски, Здравко Ангелов, Горан Јанев, Наде Талевска, Андреј Наунов, Владимир Саздовски, Ернес Ибраимовски, Весна Ѓиновска-Илкова, Невен Силјановски и Ѓорѓи Цуцковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.