Фестивалот за забавна музика „Макфест“ годинава ќе се одржи последниот викенд во мај 2014 година. Од оваа година „Макфест“ финансиски ќе биде поддржан од страна на Министерството за култура. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека во тек се конкурсите за избор на директори на фестивалот и за песни.
– Што се однесува за конкурсот за директори распишан е уметнички и технички директор и истиот истекува на 27-ми јануари. Конкурсот беше објавен во два дневни весника, а што се однесува до мелодиите тој истекува на 27-ми март, вели Ристов.
Тој додава дека наградите за фестивалот „Макфест“ ги доделува Министерството за култура односно Владата, кои го квалификуваат фестивалот од национален карактер и од национално значење.
Победникот на „Макфест“ ќе добие награда од 20.000 евра, потоа 15.000 евра за второ наградената песна и 10.000 евра за трето места. Парични награди се обезбедени и за најдобар дебитант и за најдобар сценски настап.
Авторите кои ќе конкурираат на „Макфест“ се должни да достават оригинална композиција, напишана за глас и ревиски оркестар, во духот на македонскиот евергрин шлагер. Годинава изведбата на композициите на фестивалот ќе биде во живо и со придружба на оркестарот на МРТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.