Врие во Киев. Опозицијата бара украинскиот претседател Јанукович да се повлече и да ги прифати барањата на опозицијата, објави „А1.он“. Лидерот на опозицијата Виталиј Кличко рече дека разговорите со Јанукович не вродиле со плод. Го повика да се повлече, во спротивно утре ќе ги има во поголем број. Пет лица загинаа во протестите кои започнаа на 19.јануари а ранети се повеќе од 300 .
Илајдници демонстранти подигаат нови барикади и палат автомобили во близина на стадионот Динамо. Опозиционерите предупредуваат дека преку ноќ властите ќе се обидат да ги растурат барикадите. Полицијата во утринските часови по локално време почна да растура барикади и да апси демонстранти поради што избија нови судири. Демонстрантите фрлаат со Молотови коктели врз полицијата која возврати со солзавец и шок-бомби. Досега се приведени неколку лица, јавуваат локални медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени