| четврток, 6 декември 2018 |

Само Леброн Џејмс и Кевин Дурент ја минаа границата од еден милион гласови за „Ол-стар“ мечот

Само Леброн Џејмс и Кевин Дурент ја имаат минато границата од еден милион гласови од навивачите за настап на „Ол-стар“ мечот што ќе се игра во Њу Орлеанс на 16. февруари. Ѕвездата на Мајами, Џејмс има точно 1.076.063 гласа, а Дурент кој ќе му биде противник како член на стартната петорка на западната конференција собра 1.054.209 гласови од симпатизереите на НБА лигата.

Утре ќе бидат познати почетните петорки на двете конференции, а според проекциите, како оди гласањето и ако не се случи чудо за Истокот од првата минута на паркетот во салата во Њу Орлеанс ќе истрчаат Двејн Вејд, Кајри Ирвинг, Леброн Џејмс, Пол Џорџ и Кармело Ентони.

На спротивната страна стартери би требало да бидат, Стивен Кари, Коби Брајант, Кевин Дурент, Блејк Грифин и Двајт Хауард.

Кај источната конференција веќе и нема дилеми за составот на најдобрите пет кошаркари, а во спротивниот табор Крис Пол има шанса да го претрка Кари, бидејќи му недостасуваат околу 26 илјади гласа, а Кевин Лав се надева дека ќе го мине Брајан Грифин. разликата меѓу нив е нешто повеќе од 17 илјади гласови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top