Додека читаат приказни за некои минати времиња, некои сонуваат да живеат како своите предци, верувајќи дека тогаш животот бил полагоден и поромантичен, но 24-годишниот Павел Сапожников од Русија реши да отиде чекор понатаму. Тој реши шест месеци да живее како да е 10. век.
– Идејата беше да се виде може ли еден модерен човек да преживее сам во средноевропско опкружување и да видиме какво влијание ќе има таквиот начин на живот на неговото психолошко здравје – изјави Алексеј Овчаренко, кој го следи проектот „Сам во минатото“.
Павел ќе живее без вода, струја, интернет и други угодности на модерниот живот до 22 март.
За живот во 10. век намерно се избрани есенски и зимски месеци, бидејќи научниците се обидуваат да ги откријат секојдневните искушенија со кои се среќавале луѓето во средниот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.