| четврток, 6 декември 2018 |

Во Грција „цвета“ трговијата со бебиња

Никој точно не знае колку бугарски деца се жртви на трговија со луѓе, која очигледно „цвета“ во Грција, и покрај напорите на властите да и стават крај, пишуваат грчките медиуми.

Од земјите во регионот, Бугарија цврсто е втемелена во бизнисот со нелегални посвојувања во Грција, пишува информативниот портал ГРРепортер.

Случајот со „русиот ангел“  Марија, која беше најдена во ромски камп во Фарсала стана светска вест, а само пред неколку дена петмина Бугари беа уапсени при обид да бебе кое имало само 11 дена. Според грчката полиција, двајца од нив биле фатени за ваков случај и во 2006 година, а се уште не е утврдено каде се наоѓаат другите две деца на биолошката мајка на детето.

Но, ова се само два од случаите кои станаа познати поради нивниот голем публицитет.

Тарифите за бебињата варираат. Додека бебето во Волос било „испазарено“ за пет илјади евра, во јуни минатата година полицијата во Солун пресече мрежа , чии членови се обиделе да продадат бебе до две недели за 15.000 евра. Во рамките на операцијата беа уапсени вкупно пет лица , меѓу кои и биолошката мајка на детето.

Показател дека овој профитабилен „бизнис“ цвета е фактот што за време на операцијата во станот во солунскиот кварт Амбелокипи полицајците пронашле уште една жена која требало да се породи во наредните неколку дена.

Од болницата во Ламија, каде што била родена малата Марија потврдуваат дека постои тесна соработка меѓу бугарските и грчките власти со цел разбивање на криминалните мрежи за трговија со бебиња.

За време на истрагата во болничкиот регистар и службата „Граѓанско состојба“  на општината во Ламија, грчките медиуми утврдиле дека во периодот 2007 – 2012 од вкупно 274 деца родени од мајки со бугарско државјанство, 107 биле дадени на посвојување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top