| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува екстерното тестирање на матурантите

Средношколците во завршна  (трета или четврта) година од гимназиско, стручно или уметничко образование денеска ќе бидат екстерно тестирани по првиот од двата предмета од полагањето.

Матурантите  годинава првпат ќе полагаат екстерно, зашто ланските беа изземени од овој процес и ќе бидат први на годинашното тестирање (2013/2014) зашто во јуни ќе имаат обврски за полагањето на државната матура.
Сите други ученици, од трето одделение до трета година средно, екстерно ќе бидат тестирани на крајот на учебната година.
Министерството за образование и наука креираше систем во кој за матурантите пред трестирањето беа достапни околу 60.000 прашања за сите предмети од сите видови образование.
Бројот на прашања кои ќе бидат на тестот зависи од тоа колку е предметот  застапен неделно во наставата, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, просечно ќе има околу сто прашања.
Двата предмета по кои  ќе бидат тестирани, учениците ги дознаа пред два дена. Тестирањето од вториот предмет ќе биде задутре, 24 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top